January 17, 2021, 10:26 am

Србија до петок ја добива руската вакцина

Поврзано

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

Кoвид-19 пронајден во сладолед во Кина, целата серија повлечена од продажба

Во Кина, коронавирусот е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната...

Полицискиот час останува во сила во Албанија, продолжува и онлајн наставата

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, по анализата на состојбата во последните две недели, одлучи...
- Advertisement -

Премиерот на Србија Ана Брнабиќ денеска на видео конференција разговарала со министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Денис Мантуров, кој информирал за напредокот на производството на руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“.

Министерот Мантуров потврди дека серија вакцини за лабораториска контрола, во износ од 20 дози, ќе пристигнат во Србија до крајот на неделава, пренесува Танјуг.

Владата на Србија, заедно со претседателот на Републиката, работи на тоа што вакцината против коронавирусот да биде достапна што побрзо на граѓаните на Србија, објави владината канцеларија за соработка со медиумите.

Брнабиќ посочи дека целта е граѓаните да можат да изберат која вакцина ќе ја примат, во согласност со препораките и одобренијата на надлежните здравствени установи на Република Србија. Србија е заинтересирана да ја разгледа можноста за заедничко производство на вакцина против Ковид-19.

На денешната видео-конференција присуствуваа и амбасадорот на Руската Федерација во Србија Александар Бокан-Карченко, раководството на Министерството за здравство на Руската Федерација, Рускиот фонд за директни инвестиции, Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и претставници на Министерството за здравство и други здравствени институции.

Премиерот утре ќе го продолжи разговорот со претставниците на компанијата „Фајзер“, се наведува во соопштението.

Latest News

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

More Articles Like This