СРБИЈА ИМА ПРАВО ДА НИ ЗАМЕРУВА: Досега Македонија ги есапеше само албанските и американски интереси, никогаш Македонските!

  • January 3, 2017

Во основа, Србија има право да ни замерува во однос на нашето признавање, односно целокупниот третман на Косово. Мислам дека е силен впечатокот дека цело време кон Косово ние водевме сметка пред сѐ за албанските и американските интереси на поранешната провинција и сегашна независна држава, а помалку за националните и државните на Македонија, за српските воопшто не ги есапевме, изјави за ТВ Нова поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

nikovski

Според Никовски, за тоа има многу примери и сега тоа ни се враќа како бумеранг.

-Во меѓувреме, тие што ги поддржувавме, Американците, ни направија прислушување, ни направија една тешка криза, да речеме како „возврат“ на таа наша политика, а албанските политички фактори во државава во меѓувреме ни испоставуваат фактура, односно сметка за некаква федерализација, двојазичност и слично, што ја руши државата, вели Никовски.

Никовски додава дека изјавата на Дачиќ треба да се гледа во тој контекст.

Претходно «
Следно »