СРБИЈА ЌЕ КУПУВА УШТЕ АВИОНИ: Српскиот министер за одбрана најави нова нарачка на „МиГ-29“ авиони од Русија и Белорусија

  • April 3, 2018

Србија со Русија и Белорусија разгледува опција за набавка на додатни ловци „МиГ-29“, рекол во Москва за РИА Новости министерот за одбрана на Србија Александар Вулин по состанокот со рускиот колега Сергеј Шојгу


„Секако, разговараме и за прашањето за додатни авиони, не самосо Русија, туку и со Република Белорусија“, рекол Вулин.

Што се однесува на роковите на испорака, според зборовите на Вулин, за ни би било најдобро тоа да биде што побрзо.

„Брзината на испорката и брзината на нивното вклучување во вооружените сили се меѓу важните фактори. Кога станува збор за условите, се работи за испорака без надокнада“, рекол Вулин.

Претходно «
Следно »