December 9, 2021, 10:36 am

Србија ќe и дaдe eдeн милиoн eвpa пoмoш нa Хрватска пo зeмjoтpecoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати писмо до српската влада во кое бара милион евра од слободните средства да и бидат префрлени на хрватската влада како помош поради низата земјотреси коишто ги погодија.

Во вторникот во Зајечар, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска и дека се надева оти земјотресот поминал со минимални жртви.

„Подготвени сме да пружиме секаков вид на помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите капацитети. Многу ми е жал и подготвени сме да обезбедиме секаков вид техничка и финансиска помош“, рече тој.

Latest News

CPJ: Рекорден број притворени новинари во светот во 2021 година, најмалку 24 убиени

Во 2021 година во светот е регистриран рекорден број на приведени новинари, се наведува во новиот извештај на непрофитниот...

More Articles Like This