СРЕДБА ДИМИТРИЕВ-ХЕЕМСКЕРК: Светската Банка со позитивни оцени за економските политики на Владата

  • October 19, 2016

Претседателот на Владата на Република Македонија , Емил Димитриев, денеска  оствари средба со Франк Хеемскерк, извршен директор во Светската Банка.

dimitriev-heemcek2

Соговорниците изразија задоволство од позитивните односи помеѓу двете страни кои резултираат со реализација на голем број на мерки, проекти и реформи чија цел е економски раст и развој на Република Македонија и задоволување на реалните потреби и интереси на граѓаните.

Претседателот на Владата изрази благодарност за целокупната поддршка која Светската Банка ја дава на нашата земја во спроведувањето на реформите и проектите, како и благодарност до директорот Хеемскерк за неговиот личен ангажман во овој процес. Димитриев потенцираше дека проектите кои се реализираат заеднички придонесуваат за континуираниот економски раст и развој на Република Македонија, за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста, обезбедуваат услови за поголеми странски инвестиции во земјата и развој на образованието, технолошкиот развој, иновациите и други општествени сфери.

dimitriev-heemcek3

Директорот Хеемскерк даде позитивна оценка за економските политики кои ги спроведува Владата, како и за мерките за унапредување на деловната клима кои се препознаени и вреднувани од страна на меѓународните финансиски институции и организации.

Соговорниците истакнаа дека реализацијата на тековните и идните проекти кои се спроведуваат со соработка на двете страни, а се однесуваат на изградбата на регионална, магистрална и локална патна инфраструктура, инвестирањето во образованието, поддршката на проектите на општините за локален економски развој, имплементацијата на други инфраструктурни проекти, како и потенцијалот на соработка во областа на енергетиката, ќе придонесат за продолжување на економскиот раст на земјата и отворањето на нови работни места.

dimitriev-heemcek

Премиерот Димитриев и директорот Хеемскерк истакнаа силна заложба за продолжување и унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес.

Претходно «
Следно »