October 1, 2020, 8:39 am

Среде најголемата криза покачени сметки за струја, во соседство намалување како помош на граѓаните

Поврзано

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на...

Владата плаќала по 448 денари за една маска, 1.788 за скафандер

Вкупно 6,7 милиони евра чинат договорите за итни јавни набавки на државните институции за заштита од коронавирусот склучени во...

Адеми инсистира наставата да биде со физичко присуство

Поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека останува на ставот дека...
- Advertisement -

Со една просечна плата Македонецот може да подмири околу 17 сметки за струја, Хрватот 45, додека Британецот со месечната заработка може да плати над 50 сметки. Европската статистика покажува дека едно семејство просечно троши околу 360 киловат часови електрична енергија во текот на месецот.

Според тоа, доколку не се греат на струја, домаќинствата во Македонија во просек плаќаат околу 1.500 денари за струја. Односно, со просечна плата од околу 26.000 денари може да се подмират 17 сметки.

Регулаторната комисија за енергетика од новиот собраниски состав бара да го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%.

Тоа го очекуваат и синдикалците, кои новата Влада ќе ја дочекаат со пакет барања.

“Вакви примери имаме и во многу побогати држави, каде што ДДВ-то е многу помалку за граѓаните, а за индустриските потрошувачи е поголемо. Правиме ние сега сет на мерки, сет на барања и како што кажав ќе ги испорачаме одма, во оној момент кога ќе се формира владата”, вели Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

И додека хрватската влада ја намали цената на струјата за 15% за месеците април, мај и јуни, кога економијата беше запрена поради пандемијата од Ковид-19, Регулаторната комисија за енергетика во Македонија донесе одлука да ја поскапи струјата за 7,4% за наредните 12 месеци. Причина биле намалените приходи на енергетските компании во периодот на пандемија.

“Мора да најдат некое друго образложение. Коронакризата ги погодила јавните претпријатија. А, што е со граѓаните? Граѓаните се многу повеќе погодени. Остануваат без работа, платите се намалуваат, уште поголеми рестрикции се најавуваат. Ако е ваква криза, треба државата да субвенционира.. Споредба со многу побогати држави многу е поевтина струјата. Мора да се најде начин, особено за да се субвенционираат сиромашните граѓани и тие што ќе останат без работа”, вели Ристески.

По најавеното поскапување, реакциите се бурни и од страна на граѓаните и од страна на бизнис секторот.
Организацијата на потрошувачи смета дека одлуката е несоодветна, бидејќи освен здравјето, во прашање се доведува и економската безбедност на граѓаните.

Latest News

(Фото) Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот

Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар, се случи сообраќајна несреќа, во која возило удрило во жардиниерата. Сѐ уште не...

Прогласен кapaнтин во Мадрид

На жителите на Мадрид, кој моментално е жaриште на инфекцијата, ќе им биде зaбрането да ги нaпуштаат домовите, освен за основните патувања според новите...

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов некогаш премногу...

Американските pазyзнавачки служби планирале да го отpyјат Асанж

Американските pазузнавачки служби планирале да го отpyјат или kиднапираат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пишува британскиот весник „Гардијан“. Деталите за оперaцијата ги раскажал поранешен вработен...

Внимавајте: Коpoнавирусот се пренесува и преку мобилните телефони

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим. Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека...

More Articles Like This