СРЕД БЕЛ ДЕН ЌЕ ЗАГИНЕЛ ОД ЧИСТА МИРА: Жител на Маџари погоден во рамо од залутан куршум во својот двор

  • August 30, 2018
  • Коментари

Вчера околу 19 часот, С.Р. пријавила дека истиот ден околу 13.30 часот во Скопје на улица „Среќко Пужалка“, општина Гази Баба, во дворот од семејната куќа, нејзиниот свекор Т.Р. (84), бил погоден од залутано зрно по што зрното удрило во ѕидот од куќата, и завршило во внатрешноста на фасадата.

По ова, од страна на доктор од Итна медицинска помош кај Т.Р. биле констатирани телесни повреди во пределот на десното рамо. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Претходно «
Следно »