СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА СПРЕМНА ДА ПОМОГНЕ: Српскиот министер Стефановиќ понудил специјални сили за помош во Македонија!

  • August 7, 2016

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ денеска соопшти дека разговарал со неговиот македонски колега Митко Чавков, при што понудил помош на српската полиција за Македонија, јави Танјуг.

nebojsa-stefanovic1

– Во име на Министерството за внатрешни работи понудив сили кои би можеле да замиинат на помош, во смисла на спасување и заштита на луѓе, изјави Стефановиќ.

Тој нагалси дека неговиот македонски колега е ангажиран и се обидува да ја реши тешката состојба поврзана со поплавите и невремето што ја зафатија Македонија, додавајќи дека во овој момент македонската страна проценува оти може да ја држи ситуацијата под контрола.

– Во добра и постојана комуникација Србија е подготвена да излезе во пресрет и да помогне. Како и во случајот со мигрантите, сакаме да покажеме дека сме тука за нашите соседи и дека можат да се потпрат на нас и да знааат дека Србија е тука не само да се штити себе си и да се грижи себично за своите интереси, туку и да покаже дека се грижи и за други луѓе, со што ја штити и својата земја, изјави Стефановиќ, кој денеска заедно со неговата бугарска колешка Румјана Бачварова ги посетија граничните премини Калотиниа и Градина на границата меѓу Бугарија и Србија./МИА

Претходно «
Следно »