May 16, 2021, 10:50 am

Српскиот стилист и шминкер Александар Дpaмиќанин ја претвори својата 86-годишна баба во холивудска ѕвезда

Поврзано

- Advertisement -

Српскиот стилист Александар Драмиќанин, кој се грижи за беспрекорниот изглед на бројни јавни личности во Србија и регионот, вели дека неговата најголема инспирација е неговата 86-годишна баба Милоратка која живее на село.

А дека шминката и фризурата навистина прават разлика и можат да променат човек во целост сведочи оваа природна убавица која вештите раце на Драмиќанин ја претворија во вистинска холивудска дива.

Александар на својот инстаграм-профил ја сподели неверојатната трансформација на неговата баба воодушевувајќи ги своите следбеници, но и оние кои досега не биле запознаени со неговиот талент.Многумина велат дека трансформацијата на неговата баба е вистинска победничка маркетинг кампања за овој млад човек, бидејќи деновиве на социјалните мрежи се зборува многу за неа.

Прочитајте и… ВИДЕО | 4 генијални идеи: Еве како од пластични шишиња да направите уникатни саксии за вашето цвеќе!
„Баба ми! Ја сакам најмногу на светот! Покрај сите преубави жени кои сум ги средувал, ти сè уште најмногу ме инспирираш“, напиша тој во описот на фотографијат која ја сподели на својот инстаграм-профил.

Несомнено, тој ја претворил својата баба од жена која воопшто не носи шминка, ниту пак обожава да носи фризури, во холивудска ѕвезда откако ја нашминкал професионално и ја облекол во модерна гардероба.

Latest News

He им дoaѓa пaмeт: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo Дебар пopaди нeпoчитyвaњe нa мepкитe, coпcтвeникoт e пpивeдeн

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била...

More Articles Like This