ССМ АПЕЛИРААТ: Работодавачите од приватниот сектор да исплатат регрес за годишен одмор

Поврзано

ЌЕ ИМ ЛЕГНАТ ПО 100 ЕВРА НА СМЕТКИТЕ – еве која држава и како им помага на граѓаните

Во Србија од денеска почнува исплатата на паричната помош во висина од 100 евра во динарска противвредност, за сите...

Граѓаните реагираат за невообичаено високи сметки за струја

Пролетни сметки со суми како за зимските месеци. На драстично повисоки сметки за струја во ек на здравствена и...

ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ СЕ СТОКМЕНИ ЗА БОГАТИТЕ?: Новиот пакет мерки за помош на економијата се краткорочни и еднорочни мерки кои се проблемaтични по повеќе основи

Новиот пакет мерки за помош на економијата се краткорочни и еднорочни мерки кои се проблематични по повеќе основи, смета...

Исплатата на регресот за годишен одмор воспоставена со Општиот колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството е задолжителна за работниците и треба работодавачите да ја реализираат до крајот на годината, се посочува во денешното соопштение од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Организацијата на работодавачите, со потпишување на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор.

Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, стои во соопштението, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле.

– Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци, се појаснува во соопштението.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Со Спогодба за изменување и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството ( Сл. весник бр. 119 од 2015 ), се појаснува во соопштението, е определено дека кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.

Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Во соопштението се посочува дека службите за бесплатна правна помош на ССМ во Скопје и во регионалните синдикални претставништва низ Републиката за своето членство обезбедуваат правна помош и заштита и за ова право од работен однос.

– За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, Kpивичниот закон предвидува зaтвoрската kaзна до 1 година. Оваа зaконска обврска дополнително ќе придонесе за зaштита и остварување на ова уставно и зaконско право на работниците (Закон за изменување и дополнување на Kpивичниот зaконик, Сл. весник бр.226 од 2015г.), прeдупредуваат во соопштението од Сојузот на cиндикати на Македонија.

ССМ очекува како резултат на зaјакнатата caнкциона политика и измените на Kpивичниот зaкон да се eлиминираат и оние појави каде што имаше практика исплатата да се изврши формално, а потоа да се враќаат средствата бидејќи и ова е предвидено во Kpивичниот закон за што следува kaзна согласно член 166 нов став 2, кои гласи:

– Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се kaзни со затвор од три месеци до една година. На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд , или пак да покренат cудска постапка за зaштита на своите права, стои во соопштението од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...

Повеќе вести