October 21, 2021, 12:53 am

„Стари кадри за штитeње на kpиминалот“: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на кандидатите за градоначалници од СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Со исти истрошени кадри СДСМ оди во изборен пораз, народот веќе ги прочита, реагираше вечерва ВМРО-ДПМНЕ на кандидатите за градоначалници кои пред малку ги објави претседателот на СДСМ“, Зоран Заев.

„Вечерва Заев го предложи Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило. Заев го предложи Сашко Николов за кандидат за градоначалник за Штип, кој се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник неговите роднини, газдите на Баргала даваат плата од 200 денари на напатениот народ. За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси“, се вели во реакцијата.

Од партијата обвинуват дека Заев вечерва избра кадри кои се слика копија на него, неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот.

„Време е да се стави крај на оваа безидејност. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покаже разликата. Време е за Македонија за сите луѓе!“, велат од партијата.

Latest News

Бајден јавно призна дека е загрижен поради кинеските хипepcонични pakeти

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека...

More Articles Like This