СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НА СЛОБОДА: По 18 часа, Јакимовски излезе на слобода – одземен му е пасошот!

  • August 8, 2018

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и екс-градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски по 18 часа, попладнево беше пуштен со одредена мерка на претпазливост на барање на обвинителството

 

Јакимовски се заблагодари на коректниот однос на полицијата, и посочи дека од она што го барале за време на претресот во неговата куќа нашле само долен веш, бидејќи тој кај него не чувал никакви документи од општината.

Адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски појасни дека тие нема да вложат жалба против решението за одземање на патната исправа, бидејќи сметаат дека се работи за коректно решение.

Веднаш по излегувањето од Кривичниот суд, Јакимовски седна на кафе со неговите поддржувачи кои го чекаа пред судот.

 

Претходно «
Следно »