December 8, 2021, 10:22 pm

Стефковски по големата победа во Гази Баба: Разликата ќе ја видите за неколку месеци од денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбраниот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски упати благодарност до за укажаната доверба и вети дека целосно ќе се посвети на исполнувањето на ветувањата и решавање на проблемите.

„Почитувани граѓани на Општина Гази Баба, преку оваа објава со сите вас го споделувам чувството на радост за големата победа која ја издвојувавме заедно и со силна верба за една поубава и просперитетна иднина за сите наши граѓани. Искрено и од срце се заблагодарувам на ВМРО-ДПМНЕ за дадената доверба, на моето семејство, луѓето кои секојдневно работеа со мене, моите другари, пријатели, комшии, сите граѓани на општина Гази Баба за нивните совети, поддршка и верба во мене во текот на кампањата. Целата кампања ја водев онака како што истакнав првиот ден, позитивно и со промоција на проектите со кои ја побарав довербата од граѓаните. Имав коректен и професионален однос кон политичките конкуренти, вели новоизбраниот градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Политичката кампања заклучно со изборниот ден за градоначалник на Гази Баба заврши вчера. Вашата јасно изразена волја создава сериозна обврска за исполнување на ветеното, бидејќи резултатите на овие избори насекаде низ Македонија покажаа дека времето на лажни ветувања стана минато. Време за губење немаме, потребна е работа и само работа. Вашите проблеми, се и мои проблеми и нивното решавање ќе биде моја основна цел. Разликата ќе ја видите за неколку месеци од денес, пишува Стефковски на Фејсбук.

Latest News

(Видео) Огнена топка на небото го вознемири локалното население на брегот на Црното Море

Светлечкиот метеор бил забележан од локалното население на небото над руското одморалиште Сочи, на брегот на Црното Море. Директорот на...

More Articles Like This