СТЕ ГО ОСТАВИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА СОНЦЕ? Еве колку може да се загрее за 10 минути!

  • June 12, 2019

Експертите предупредуваат дека температурата во возилата, дури и кога надвор не е премногу жешkо, брзо може да порасне. Седнувањето во вpелиот автомобил не само што е исклучително непријатно искуство, може да биде и kобно.

Еве колку приближно може да се зголеми температурата кога вашиот автомобил е изложен на директно сонце.

Кога е жешко, вашиот автомобил практично станува стаклена градина. Сончевите зраци го презагреваат автомобилот, но инфрацрвените зраци кои притоа настануваат всушност се вистинскиот проблем.

Стаклата на автомобилот ги блокираат инфрацрвените зраци, а тоа е тип на зрачење што произведува и топлина. Меѓутоа, кога тие зраци не можат да влезат во колата, исто така не можат ни да излезат од неа.

Како што зракот влегува во колата, површините како воланот и таблата под шофершајбната се обидуваат да реемитираат енергија која притоа се создава. Тоа го прават токму преку инфрацрвените зраци.

Кога телото е изложено на таа жештина, за кратко време може да дојде до хипертермија, што практично значи дека телото произведува многу повеќе топлина од што може да ослободи.

Како резултат на тоа се зголемува пулсот и брзината на дишењето, а крвниот притисок е во опаѓање. Кожата почнува да добива бледа боја бидејќи срцето дава сè од себе да пренесе крв во целото тело и ако не преземете нешто, многу лесно може да дојде до смртен исход.

Претходно «
Следно »