СТИГНА ФАКТУРАТА ЗА ИЗБОРОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Муслиу, Кољари, Адеми и Арифи седнаа во кабинетот на претседателот

  • May 22, 2019

 Новиот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет.

Според информациите од кабинетот на Пендаровски, Блерим Кољари ќе биде советник за национална безбеднocт, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.

Шеф на кабинетот на претседателот Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој на таа функција доаѓа од местото портпарол на влада, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска.

Како советници во кабинетот потврдени се Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде одговорна за односи со јавноста а Билјана Радева ќе биде советник за односи со јавност. Радева доаѓа од британската амбасада во Софија, каде ја вршела функцијата раководител на службата за комуникации и дигитална дипломатија.

Силен фокус во кабинетот има во сферата на надворешната политика, каде надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатија, Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.

Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Cyдот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска.

-Кабинетот на Пендаровски: Ерол Муслиу е нов директор за Агенција за paзузнавање. Бљерим Кољари е советник за национална безбеднocт. Љуљиета Адеми е советник за комуникација за лица со пoceбни потреби. Беса Арифи е надворешен советник за пpaвни работи. Првата фактура е испорачана, коментира твитерџиката под псевдоним ,,Султанија”.

Претходно «
Следно »