October 18, 2021, 6:39 pm

Стотици Германци примиле вaкцинa со пoминат рок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одделот за здравство во јужната германска покраина Баден-Виртемберг објави дека 840 дози на вакцина против корона од Модерна, на кои им истекол рокот, случајно им биле вбризгани на граѓаните.

Грешката се случила во градовите Синдлфинген, Ројтлинген и Еслинген и настанала поради погрешно обележување.

Официјалните лица изјавиле дека вакцините биле транспортирани во кутии со фрижидер во согласност со прописите, но подоцна било откриено дека на етикетите се наведени неточни датуми.

Засега нема заклучоци дека подолгото складирање ја намалува ефикасноста на вакцината, изјавил Мартина Бурчерт-Грив, директорка на локалниот центар за вакцинација.

Новото истражување на производителот наведува дека вакцината е доволно стабилна за да се чува три месеци на нормални температури во фрижидер.

Сепак, Европската агенција за лекови се уште предвидува дека вакцината не смее да се чува повеќе од 30 дена.

Latest News

Албанско семејство го тyжeше Бајден бидејќи не добиле виза

Претседателот на САД Џо Бајден го тужи албанското семејство Мисљими, кое тврди дека иако е избрано за американска „виза...

More Articles Like This