СТОЈАНОВСКА ДО ФИЛИПЧЕ: Ги излажавте граѓаните, ги разочаравте здравствените работници, а пациентите ги оставивте да чекаат по чекалните на амбулантите

  • January 31, 2019

Господине министре, како што и очекував одговорот од ваша страна е само уште едно правдање и бегање од одговорност за вашето неработење. Да се правдате за вашиот неуспех со тоа што претходната власт е виновна е признавање на вашата неспособност за владеење, му порача Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ на министерот за здравство Венко Филипче.

Стојаноска потенцира: Минатата власт е минато, а вие сте реалност и сегашност, но за жал она што ветувавте не сте, ги излажавте граѓаните, ги разочаравте здравствените работници, а пациентите ги оставивте да чекаат по чекалните на амбулантите и аптеките.

Вие дефинитивно немате никаква стратегија за задржување на лекарите во земјава, а доказ за тоа е што вашиот одговор е повторно препис од вашата програма која се уште не е започната со реализација, нагласи Стојаноска.

Претходно «
Следно »