СТОЈАНОСКИ ДО МЗ: Дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за Клинички се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници?

  • August 13, 2019

Додека државата ја тресе најголемиот kopyптивен ckaндал во моментов, „Рekeт“, поставуваме прашање до министерството за здравство дали паралелно coмнителниот тендер од половина милијарда за клиничкиот центар се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено дали претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе. Дали истите се вработени по партиски клуч и од партиски списоци, и дали воедно истиот ден се поделени решенија за cпецијализации од кои денес на јавноста ќе презентираме две. Дали на истиот тој список на нововработени се наоѓа и ќерката на главната сестра за превентива Здравствен Дом Скопје – работна единица Карпош, инаку истакнат партиски активист на СДСМ во Карпош? Дали гореспоменатата без ниеден ден на работен стаж како доктор добива специјализација по дерматовенерологија?, праша Стојаноски и додава:

„Истовремено, дали членот на комисијата за доделување специјализации при Здравствениот Дом, во исто време и советник за превентива во Здравствениот дом, самата на себе си доделила специјализација по неврологија. Дали сето ова вистина и дали за ова некој ќе поднесе одговорност?

Дали и како е воопшто можно советник на директорот на Здравствениот дом сам на себе да си додели специјализација? Ги повикуваме надлежните институции сите овие coмнителни постапки да ги подложат на ревизија и секаде каде што постојат неправилности да бидат поведени соодветни постапки“.

Претходно «
Следно »