October 18, 2021, 6:36 pm

Стојкоски во Ѓорче Петров ќе ги вклyчи и пeнзиoнepитe вo кoмиcиитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за скопската општина Ѓорче Петров планира да ги вклучи пензионерите во работата на комисиите во Општината.

Пензионерските денови треба и мора да се едни од најубавите во животот. И секако, тоа е и нашата цел, да помогнеме во тоа. Нашите ѓорчепетровци нема да бидат заборавени туку со своето искуства помогнат за нашето Ѓорче. А ние, со сигурност ќе бидеме нивни сервис, како што доликува на една општина. Веќе чув десетици идеи, но и ставови за нашата општина, кои верувајте, ќе донесат само добро за нас, како општина и жители.

Ова е само дел од она што ние веќе знаеме дека со сигурност ќе го направиме за нив:

-Вклучување на пензионерите во комисии и овозможување на социјална заштита!

– Нивно учество во проекти на општината, со кои ќе се решаваат проблемите и недостатоците.

– Со нив ќе го ажурираме и пензионерите од социјално-ранливите категории, за утврдување на нивните потреби и помош!

– Пензионерските клубови ќе бидат опремени и дадени на користење

– Ќе организираме и настани под наше покровителство, затоа што пензионерските денови не значат седење дома пред телевизор, туку дружба и нови пријателства!

– И да, остануваме на заложбата за бесплатен превоз!

– Пензионерските денови значат денови за себе, дружби, нови пријателства, без грижи и стресови! Тоа и го овозможуваме, затоа што секој еден во Ѓорче – заслужува!, вели Стојкоски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Заев: Сега е најважно обединувањето, граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација

Претседателот на СДСМ и премиер на Македонија Зоран Заев се огласи на фејсбук еден ден по првиот круг локални...

More Articles Like This