СТРАНЦИ ПРАВАТ ПЛАНОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: Планери и архитекти од Германија и Австрија подготвуваат изградба на мигрантски кампови во Македонија!

  • September 4, 2018

Планот за населување на мигранти во Македонија, согласно стратегијата донесена од Министерството за труд и социјална политика, а прифатено од владата на Р.Македонија со параф на премиерот Зоран Заев по се изгледа дека се спроведува во полн ек

Иако владата демантираше дека има план за изградба на мигрантски кампови, ситуацијата на терен покажува нешто друго.

Имено, неодамна во општина Карпош беше донесена нова урбанистичка документација со која се подразбира изградба на мигрантски камп во населбата Бардовци и Злокуќани, како и кај Момин Поток. Освен ова, подготвителни активности има и во Прилеп, Велес, Неготино и Демир Капија, известуваат локалните жители.

„Веќе извесно време во Македонија се наоѓаат планери,архитекти и претставници на градежни фирми од Германија и Австрија за да се утврдат локации за градба на бегалски населби и градови и да се проверат можностите на домашната градежна оператива.Покрај веќе утврдените населби во Скопје,Прилеп и Демир Капија исти се планирани и за Кичево и Куманово она што е новост е изградба на 2 големи бегалски града еден помеѓу Виница и Кочани другиот помеѓу Свети Николе и Пробиштип“ – информира нашиот извор, запознат со состојбите во врска со изградбата на камповите.

Според него, местоположбата е одредена поради поволните климатски услови и достапноста на големи количини вода од акумулациите Калиманци и Злетовица.Двата града заедно би требало да имаат од 110 до 130 илјади заедно.На претстојните посети на Меркел и Курц покрај подршката за референдумот треба да биде финализиран и планот за населување на мигрантите.

Претходно «
Следно »