Странци ја правеле концепцијата, странци ја финансираат реформата: Кој и зошто го менува македонскиот образовен систем?

Поврзано

Го протуркаа на сила: Планот на Царовска за основно образование помина на Влада

На денешната седница Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование за која во подготовката беа...

Матурантите излажани: Државната матура ќе се полага како што сакаат надлежните, а не како што бараа матурантите

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 имаше големо влијание врз секојдневниот живот особено врз образованието. Кога станува збор за образование не...

(Видео) Професорите не се против реформа, прашање е каква реформа треба да има

Наставник по историја од средното училиште Никола Карев во Скопје, Борче Милошевски,  за Инфомакс изјави дека не е против...
- Advertisement -

Министерката за образование и наука неодамна го презентираше новиот концепт во образовниот систем во основното образование, кој предвидува коренити промени кои целосно ќе ја променат струкурата на наставната програма. Како што изјави министерката, реформата е според успешни странски образовни модели.

Реформата предвидува поделба на предметите во две групи. Едната македонски, албански, турски српски или босански јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик, а другата група оние кои ги покриваат уметничкото, физичкото, техничко-технолошкото образование, можност за избор на албански јазик како изборен предмет наместо втор изборен странски јазик.

Царовска истакна дека реформата на основното образование треба да се направи веднаш и оти за тоа говорат лошите резултати на меѓунароните и домашните тестирања. Но, вели, недостатоците во образовниот систем ги забележуваат и високи 82 проценти од наставниците и тие ќе бидат наш партнер во промените.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, превидени се буџетски пари за подготовка на наставните програми, но министерката посочи дека во национален контекст, тоа се ситни финансиски средства.

„Но, за да овој концепт успее, сите меѓународни партнери на нашата држава стојат на располагање да и финансиски ги поддржат и обуките и инфраструктурата и сѐ она што е потребно во наредниот период за да имаме квалитетно, современо образование“, рече Царовска.

-Сите можат да проверат, ние сме транспарентни како министерство, јас како министерка немам проблем со споделување на таков тип на информации. До денеска, од буџетот не е истрошен, посебно за пишување на оваа Концепција, ниту еден денар, заради тоа што имаме меѓународни партнери коишто навистина се грижат да нашата држава успее. Дури, мислам, се грижат повеќе од самите нас. Тие ја финансираат работната група, нагласи Царовска.

Паралелно со контроверзите реформи во образованието, во Македониија актуелни се притисоците кои Бугарија, односно бугарските членови на Комисијата за историски прашања ги врши врз македонските историчари. Историската комисија, чија задача е да ги надмине и усогласи разликите во учебниците по историја,

„Целта на комисијата е да ги реши историските дилеми во контекст на образованието, во контекст на надминување на стереотипите на Балканот во учебниците, да ги перцепира луѓето како пријателски и со тоа да ги научи децата дека народите не се непријатели“, рече Османи.

Во јавноста не е целосно јасно и сѐ погласно се поставува прашањето – кој ги поставил основите на оваа нова Концепција за основно образование, како и кој ги финансира овие промени во македонскиот образовен систем.

Секако најважно е, зошто странци, односно меѓународни партнери се толку заинтересирани, kako што изјави Царовска, нашата држава да успее?

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This