СТРАОТЕН БИЛАНС НА ЗАГИНАТИ: Уште една несреќа – автомобил потонат во Калиманци, најверојатно двајца загинати!

  • August 3, 2016

Автомобил, најверојатно Форд, попладнево бил забележан во водите на езерото Калиманци.
kalimanci

На површината на езерото било забележано женско безживотно тело, а според неофицијални информации во автомобилот се наоѓало уште едно, најверојатно машко лице.

Според првичните информации, станува збор за брачна двојка пар од Македонска Каменица, а полицијата успеала да го извлече телото на жената, додека по мажот се трага.

 

Засега не се познати познати повеќе детали, а од полицијата само потврдуваат дека имаат пријава за потонат автомобил додавајќи дека нивни екипи се на терен.

Претходно «
Следно »