СТРУКТУРИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ „КОНТРА-БОМБИ“ ЗА ЗАЕВ: Провладиниот апологет тврди дека структури на опозицијата му спремаат „бомби“ на Заев

  • March 7, 2018

Сашо Орданоски во колумна на „Цивил“ пишува дека има сознанија дека високиот ешалон на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ со своите најлојални вработени во државните институции му подготвува контра бомби на премиерот Зоран Заев.

-Наводно, високи претставници на првите ешалони на власта од поранешниот режим, особено од неговите безбедносни структури (овие кои не се во или на пат за Шутка), под координативно раководство на својата долгогодишна „шефица со тефтерчињата“, формирале некаква тајна „Аналитичко-безбедносна мрежа“. Како што ме уверуваат моите новинарски извори, оваа технолошки добро опремена операција се изведува без знаење и на новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во кое старите кадри немаат доверба. Мрежата, наводно, има за задача да воспостави макар неколкучлена информативна кадровска инфраструктура во секое министерство и во сите други државни органи и институции, составена од најлојалните партиски (ес-ес-)кадри на претходниот режим. Нивната задача е на дневна основа да „копаат“ и да доставуваат информации до својата централа за сите случувања во државните органи каде што работат. Во тоа спаѓаат снимање и фотокопирање на документи, дневни агенди, финансиски трансакции, разговори, состаноци, официјални преписки, средби, но и пикантерии за швалерации, коцкарски долгови, роднински перипетии, судири на интереси… Тие информации потоа аналитички се обработуваат во централата на Мрежата, а по потреба се „вкрстуваат“ со разновидните бази на податоци кои потекнуваат од долгогодишното владеење на Фамилијата со државата, вклучувајќи и чувствителни податоци од некогашните телефонски прислушувања и друг вид на следење на комуникациите, пишува Ордановски.

Претходно «
Следно »