СТРУМИЧАНЕЦ ИЗВРШИ УБИСТВО ВО ШВАЈЦАРИЈА: Драма во Аскона откако струмичанец на среде улица пукал во сопругата, а потоа во себе!

  • June 23, 2017

Крвава драма утрово се случи во центарот на швајцарскиот град АСКОНА кога разводот на македонски брачен пар завршува фатално. 54 годишен струмичанец ја убил својата 38 годишна поранешна сопруга по што се обидел да се самоубие, пишува Струмица Денес.

 

Уште од утрово швајцарските медиуми пишуваат како се случил немилиот настан и што раскажуваат очевидците. Двете тела од кои едното безживотно ги нашле на еден возен парк во Аскона. Настанот се случил пред 9 часот.

„Бев во киоскот кога одеднаш слушнав викање, па околу 4-5 истрели, 20 секунди подоцна уште толку истрели едно по друго“ – раскажува еден видно потресен очевидец. Тој додава дека отишол веднаш да помогне но испаничени граѓани го предупредиле да се тргне настрана.

Видел како телото на мажот лежело над телото на веќе мртвата жена, иако очевидците мислеле дека е мртов тој се помрднал се придвижил неколку чекори напред и повторно паднал при што била повикана полиција. Полицијата потврдила дека се работи за македонски државјани кои живееле во Лукарно но биле разведени. Кај жената е констатирана смрт, а мажот во критична состојба со хеликоптер префрлен во болница. Безбедносните камери од локалните продавници снимиле како мажот ја влечел за рака жената и насила ја довел на паркингот каде по кратка расправија извадил пиштол и ја застрелал а потоа пукал во себе.

Претходно «
Следно »