December 9, 2021, 12:12 pm

Стpaшнo: Пpaтeник вo Велика Британија избoдeн co нoж зa вpeмe нa cocтaнoк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс (69) денеска бил прободен неколку пати за време на состанок на локалниот комитет.

Ејмс го претставува Вест Саутенд во Есекс, а денеска бил нападнат во методистичката црква во местото Ли-он-Си.

Скај њуз пренесува дека тој влегол на состанокот, кога бил прободен со нож неколку пати.

Се верува дека Ејмс добил медицинска помош на местото на несреќата.

Полицијата излегла да спроведе истрага и ги затворила околните патишта.

Објава може да погледнете ТУКА.

Од канцеларијата на Ејмс потврдија дека тој бил избоден со нож, но нема повеќе детали.

Неговата состојба се уште не е позната.

Ејмс влезе во парламентот во 1983 година.

Неговата листа на главни интереси на страницата вклучува „благосостојба на животните и прашања поврзани со секојдневниот живот“.

Latest News

Двајца велосипедисти прегазени во Тетово, возачот на автомобилот тешко повреден

На 08.12.2021 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со...

More Articles Like This