СУГАРЕСКИ СЕ СПРЕМА ЗА КАМПАЊА: Министерството за транспорт и врски ќе набавува алхохол во вредност од неверојатни 20.000 евра!

  • September 24, 2017

Вработените во „Колска“ излажани и без плати, автопатите стопирани, инфраструктурните проекти блокирани, но министерот за транспорт и врски најде пари за набавка на алхохолни пијалоци и апетисани, за мезе

Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавна набавка во висина од неверојатни 20.000 евра, за набавка на алхохолни пијалоци, апетисани и други кондиторски производи, откако го скрати буџетот и ги излажа вработените во „Колска“ дека ќе им го реши проблемот со платата, која сеуште ја немаат добиено.

Освен платата за работниците, Министерството за транспорт и врски ја прекина и изградбата на автопатот до Охрид, но и експресниот пат до Штип, а претходно донесе одлука да не го пушти во употреба и автопатот Демир Капија – Смоквица, па граѓаните се приморани покрај нов автопат да возат по стари и оштетени коловози.

Но, за алхохол се трошат 20.000 евра.

Како што може да се види од огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки, министерот Горан Сугаревски наредил набавка на алхохолни пијалоци, апетисани и други кондиторски производи за неверојатни 1.225.000,00 денари, или повеќе од 20.000 евра.

Претходно, СОЗР при влада набавуваше морски плодови, а Министерството за одбрана каде што министерува Шеќеринска набавуваше бадеми и лешници, додека војската моли за нови чизми.

 

Претходно «
Следно »