СУДБИНАТА ГИ СПОИ: Испратила порака на погрешен број, а потоа животот целосно и се променил!

  • March 2, 2019

Триесет и седумгодишната Лина Далбек не очекувала дека една порака од непознат број може да и го промени нејзиниот живот.
Британката Лина Далбек ја раскажала својата необична љубовна приказна за весникот „Индепендент“, а оваа судбоносна романса на многумина им ја вратила вербата во љубовта.

Како што изјавува Далбек, се започнало од моментот кога минатата година добила порака на „WhatsApp”, не знаејќи кој стои зад неа. Како што се покажало, 44 годишниот Мајкл Евангелу и напишал порака со содржина „Girls Trip”, што било потсетник на истоимениот филм кој се прикажувал во кино.

Лина веднаш одговорила на оваа необична порака, а текстот гласел: Чао! Girls Trip? Кој е тоа? Претпоставувам дека сакавте да испратите порака на некоја друга Лина“.

Мајкл бил изненаден од пораката и не знаел за што станува збор. Токму поради тоа размениле неколку пораки, кои се претвориле во допишување, па и во прв состанок. Нормално, пред тоа Лина ја проверила неговата фотографија од апликацијата и и се допаднало тоа што го гледа.

„Зборувавме за многу работи. Да не бев сама, веројатно немаше да продолжам со допишувањето“ – искрена е таа.

Иако звучи неверојатно тоа што тие двајца само четири часа од првата по грешка испратена порака, се сретнале, размениле бакнежи и веќе закажале нов состанок.

„Убедени бевме дека судбината не спои. Сето тоа се одигра толку брзо и кога најмалку се надевавме. Само две недели откако се запознавме – Евангелу го извади прстенот“ – открива сопругата.

„Зборувавме за нашите планови и јас реков дека отсекогаш сум сакала да живеам во Дубаи. ’Ајде да го направиме тоа, ајде да живееме заедно’, ми рече“.

Пред нив бил само уште еден тест. Со оглед на тоа дека Лина е муслиманка, тие морале да се венчаат за да живеат заедно. Мајкл со воодушевување го прифатил тоа, и свадбата била организирана веќе на 7 декември.

Претходно «
Следно »