СУДОТ СИ НОСИ ОДЛУКИ НА БАЗА НА ПРЕТПОСТАВКИ: Мијалков не бил поврзан со „Дијамед“ на било кој начин!

Поврзано

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага да се цени трудот на работникот

Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска беше во посета нафабриката „Дон Марко“ во...

(Видео) Македонски уметник направи огромен портрет на Новак Ѓоковиќ на земјен терен

На земјениот терен на клубот Џукиќ во Белград, македонскиот уметник Андреј Јосифовски направи најголем портрет на светот на Новак...

Д-р Стојанов: Веќе нема познати клacтери, виpyсот се рашири низ цело Скопје

Инфекцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, вели д-р Александар Стојанов директор на Центарот...

Целото решение за одредување мерка притвор е донесено врз база на претпоставки, господинот Мијалков нема никаква поврзаност со трансакцијата за „Диамед“ ниту пак со износот од 11 милони евра кој што се споменува. Само поради такви претпоставки во услови на почитување на сите досега изречени мерки, одбраната смета дека нема никаков основ за определување на мерката притвор, изјави Петар Василев, еден од адвокитите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Адвокатскиот тим на Мијалков исто така смета дека одлуката за притвор е донесена спротивно на законот поради уште една причина, а тоа е дека решението е донесено во постапка без да може обвинетиот да се прозинесе по таквиот предлог.

„Притворот е определен спротивно на законот, пред се поради тоа што решението е донесено во постапка без да може истиот да се прозинесе по таквиот предлог односно спротивно на начелото на контрадикторност во кривичната постапка за што впрочем имаме и судска пракса од Европскиот суд за човекови права. Секогаш кога се преиначува построга мерка, судот е должен да го покани обвинетиот да се произнесе по предлогот за определување мерки“, рече Василев.

Во однос на јавната седница на Апелациониот суд каде треба да биде образложено барањето за укинување на притворот за Мијалков, адвокатите на поранешниот директор на УБК велат дека е чудно тоа што седницата се уште не е закажана, со оглед на тоа дека поминале 8 дена од кога е поднесено барањето, а законскиот рок за закажување на седницата е 3 дена.

„Чекаме покана од Апелациониот суд за одржување на јавна седница, се надеваме дека ќе биде што поскоро бидејќи поминаа веќе 7-8 дена, а законскиот рок за закажување на јавна седница по жалбата на одбраната е во рок од 3 дена. Малку е и чудно што досега се одолговлекува“, рече Василев.

Во вторникот минатата недела поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков по барање на Специјалното јавно обвинителство, а по одлука на Основниот суд Скопје 1 Скопје беше приведен во хотелот Мериот и спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Мерката притвор е определена за случајот Таргет-тврдина со образложение дека Мијалков планирал бегство надвор од државата.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести