Судскиот клан Маричиќ се шири, тој добива министерско место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Господине Заев кажавте една невистина каде што рековте дека родителот на Бојан Маричиќ е пензиониран oбвинител, а не е. Проверивме на паузата и треба да им се извините на гледачите. Затоа сме таму каде што сме, ова е изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот со Зоран Заев на Канал 5 телевизија во февруари годинава.

Неколку месеци подоцна Бојан Маричиќ е предлог за нов Министер за правда, токму на барање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во ТВ дуелот Мицкоски го праша Заев дали на нелогичниот марш за правда кој го организираше СДСМ протестираа против таткото на Бојан Маричиќ кој е актуелен виш јавен обвинител, на што Заев изјави дека таткото на неговиот советник е пензионер.

„Против кого протестиравте? Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил дел од Републичкиот совет на обвинители, во времето на вие што велите „режимот“ оние 11 години“, потенцираше Мицкоски.

Тогаш иако Заев рече дека таткото на Маричиќ е пензионер, сепак на паузата беше проверено и се испостави дека тој е актуелен обвинител во обвинителството во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This