СУПЕР ГЛОУБ: Вардар и Барса директно во четвртфинале

  • July 11, 2019

Светската ракометна федерација го објави системот на натпреварување за претстојниот Супер Глоуб турнир, односно неофицијалното светско клупско првенство, на кое за првпат во историјата ќе учествуваат десет екипи. Вардар и Барселона се директно пласирани во четвртфиналето, додека Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк, ќе играат осминафинале.

Покрај Вардар и Барселона, екипи кои ќе чекаат четвртфинален противник се уште и Замалек, Таубате, Ал Духаил и Ал Вехда. Осминафиналните средби ќе бидат на програмата на 27 август, додека четвртфиналињата ќе се играат на 28. Полуфиналните натпревари ќе бидат на 29 август, а 30 е слободен ден.

Мечот за титулата ќе се одигра на 31 август. Наградниот фонд е 400.000 долари за прво место, 250.000 за второ и 125.000 за трето место. Вардар по втор пат ќе игра на Супер Глоуб, а претходниот пат беше поразен во полуфиналето од Барселона.

Претходно «
Следно »