Сѐ помалку се дружам со луѓе…

Поврзано

Нашите баби никогаш не знаеле за стрес, а причината е едноставна

Баби или прабаби, за кого како. Често за нив размислуваме како отсекогаш делувале смирено, со благ поглед во очите...

Ова видео има 14 милиони прегледи за еден ден: „Најоткачената“ реакција на жена кога и кажаа да стави маска

Сè поголем број продавници во САД бараат од своите потрошувачи да носат маски, но некои упорно одбиваат да го...

ЗАБАВА(Видео) Неверојатна сцена: Орел грабна ајкула

Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на речиси неверојатен настан – тие виделе орел што грабнал ајкула од...

Секојдневно преиспитувам некои свои одлуки и постапки. Однесувањето кон другите луѓе. Сигурна сум дека тие други луѓе не се занимаваат толку со својот однос кон мене. Она што го научив за другите луѓе, многу често ме поразуваше.

Она што го имам почувствувано од туѓата „добрина“ ме има многу растажено. Она што го сфатив и она што е и најголемата лекција која ја научив е тоа дека луѓето се 3лобни и љубоморни.

Се разбира, не се сите луѓе такви. Можеби имаш по некој човек во својата околина кој не е таков. Она што е најважно е да ја научиш разликата меѓу добронамерен совет и љубоморен коментар. Често, на луѓето доволен повод ќе им бидат твоите нови патики или фризурата. Луѓето ќе бидат љубоморни на начинот на кој те гледа. На луѓето ќе им пречи твојот начин на живот и ќе се обидат да ти кажат дека тоа е погрешно. А забораваат дека и тие се само луѓе и дека не се повикани да ти cудат.

Во сите овие години, никогаш не сум рекла некому кого треба да сака. Со кого треба да спие. Лажам. Еднаш кажав. Еднаш, затоа што сметав дека не е во ред да ја тепаат. Еднаш и никогаш повеќе. Во сите овие години, никогаш ѝ немам кажано на моја другарка: „Еј, ти си се здебелила“. Не ја гледам поентата во тоа бесмислено прашање, освен ако не сакаш некого да повредиш. А во сите овие години, постојано го слушав тоа прашање. Толку години поминаа, а јас дури во последните 5 години научив да се шегувам на сметка на тие коментари и така да покажам колку ми се глупави тие коментари, па така некако почнаа и поретко да ми ги кажуваат тие глупости.

Сите овие години, никогаш никому не сум рекла дека работата и не му е нешто посебно.

Никогаш не сум прашала: „А бараш ли работа?“ Никогаш не сум прашала кога ќе се мажат, кога ќе се женат, ниту сум им рекла дека им е време за деца. Никогаш не сум прашала кога ќе прават второ дете. Никогаш не ми се случило да видам другарка која се радува за нешто, а јас да ѝ кажам дека се радува за глупоcти. Никогаш не сум имала потреба да бидам намерно 3лобна кон луѓето, а сигурно некогаш ненамерно сум била. Но, никогаш не сум имала цел да повpедам некого.

Многупати сум ја почувствувала намерата на луѓето да ме повредат. Намерно. Не поради тоа што сакале да бидат искрени. Не поради тоа што јазикот им е побрз од паметот (како што ми е мене понекогаш). Туку вистински и наменски, со цел да ме повредат.

Затоа и сѐ поретко го минувам своето време во друштво на луѓе, а сѐ почесто читам книги или пишувам нешто. Затоа и сѐ почесто одбирам да бидам сама. Затоа и кругот на моите пријатели е сведен на неколку луѓе кои се бројат на една рака.

Животот е прекраток за да бидеме жртви на туѓата огорченост. Животот е преубав за да им дозволиме на другите да го расипуваат со својата негативност. Имаме само еден живот и не треба да го поминуваме во обиди да ги оправдаме туѓите 3лобни намери. Животот си проаѓа и лудо е да го поминеме во настојување да поправиме некого, да им бидеме психолози и да се убедуваме дека и „не се толку лоши“.

Животот го живееме само еднаш, па затоа треба да се опкружиме со луѓето кои секогаш ќе ни подадат рака на патот кон врвот, а зад себе да ги оставиме оние кои нѐ влечат назад. И да ги оставиме во минатото без да се свртиме назад. Ако те сакаат, луѓето никогаш нема да сакаат да бидеш на дното. И ако се прашуваш дали е возможно некој од твоите најблиски да не те сака доволно за да го поднесе твојот успех или твојата среќа, не се прашувај повеќе. Одговорот е јасен, штом си имал потреба да се прашуваш.

Сѐ е тоа животот. Научи да го препознаваш ѓубрето кое е завиткано во шарена хартија. Тоа и не е толку тешко.

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести