September 29, 2020, 11:57 am

СЈО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи продолжување на мандатот на СЈО или промена на Устав!

Поврзано

Груевски осуден на 1 година затвор за „Насилство во Центар“: Останатите обвинети осудени со условна казна

Судот попладнево донесе пресуда за случајот „Насилство во општина Центар“. Екс премиерот Никола Груевски доби највисока казна во времетрање...

(Видео) Заев бил „мотиварот“: Си призна се околу случајот „Шик Јелак“

Зоран Заев во вчерашното гостување во „само интервју“ само уште еднаш призна дека тој директно бил вмешан во скандалот...

Скандалозно: Eди Рама си ја присвои и ја претстави Шар Планина како прекрасна Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа објави фотографија од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница на...
- Advertisement -

Во врска со соопштението на партијата ДУИ, мултиетничката коалицијата „За подобра Македонија“ составена од 25 партии и предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторува и потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Причините досега се образложени повеќе пати во јавноста, а се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на Уставниот поредок, нашите политички заложби изнесени во предизборниот период, Охридскиот Рамковен договор, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кој оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува.

Независно на исходот околу составување Влада во следниот период, независно дали ќе се формира нова Влада и кој ќе ја формира, што и да се случи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да преговара ниту пак ќе дозволи промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО.

СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога било кој ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира.

СЈО е алатка со која се деградира и негира суверенитетот и независноста на македонската држава. СЈО не е независно и непристрасно и нема никаква врска ни со правото ни со правдата. СЈО е инструмент за продолжување на кризата и држење на Македонија во заложништво, и затоа ние никогаш нема да се согласиме Македонија да продолжи да се држи во заложништво и да постои инструмент за дисциплинирање на секој оној кој се бори за заштита на националните и државните интереси. Не дозволувањето за продолжување на мандатот на СЈО не е страв туку храброст и пркос

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Велешанка се породила во такси во дворот на болницата

Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на Велешката Болница. Бебето е здраво и...

Агатангел pacпали: Власта не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец

Во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“, Митрополит г. Агатангел посочи дека оваа власт не може да го сокрие фактот дека Гоце...

Наставник си добил воспитен ќотек од мајката на поранешната девојка

Дваесет и девет годишен тетовец пријавил во полиција дека бил нападнат од мајката на поранешната девојка. Според пријавеното, нападот се случил во училиште каде...

Условна кaзнa за Миле Јанакиески

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески доби условна казна од една година затвор за протестите пред Општина Центар. Екс -премиерот Никола Груевски заработи...

(Фото) Искинато македонско знаме се вее на граничниот премин Ќафасан

Искинато државно знаме на Република Македонија се вее на поставениот јарбол на граничниот премин Ќафасан, спротивно на член 6 од Закон за употреба на...

More Articles Like This