СЈО СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПОЛИТИЧКА ИНВИЗИЦИЈА: СЈО стана главен егзекутор кој е во функција на опозицијата кон сите структури што не мислат така

Поврзано

Од 77 зaрaзeни бремени жени со коронавиpyc во земјава, 34 биле без cимптoми

Вкупно 77 бремени жени се регистрирани досега како заразени со Ковид 19, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно...

(Видео) Maкедонската химна загрми на Hoжот

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга бopба со турскиот аскер на Ножот во близина...

Агенција за медиуми: Телма и Алсат-М го прекршија молкот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време...
- Advertisement -

Специјалното Јавно Обвинителство стана главен егзекутор на опозицијата кон сите структури што не мислат така, изјави премиерот Емил Димитриев во гостувањето во Телевизијата Сител.

emil-dimitriev-1

Посочи дека СЈО како институција сама си го оспорува својот кредибилитет, бидејќи како што вели, СЈО е алатка за пресметка меѓу политичките партии.

– Досегашното функционирање на оваа институција е големо разочарување кај сите граѓани кои што можеби имале симпатии и очекувања кај оваа институција. Тие самите си ја срушија својата кредибилност, бидејќи СЈО не смее да се претвори во алатка во политичката борба меѓу политичките партии, потенцира премиерот.

Димитриев вели дека со СЈО се поставиле двојни стандарди поради висината на платата.

– Ние како Влада на годишно ниво одвојуваме 4 милиони евра. Со финансиската конструкција и помош која ја дава владата на оваа јавна институција, ние на еден начин воспоставивме двојни стандарди, од аспект на примање на плати итн. Дадовме повод за одредени институции оправдано да реагираат, и мора да реагираме кога оваа институција ќе ги надмине рамките на професионалноста и она што се нарекува владеење на правото, потенцира Димитриев.

Посочи дека СЈО покренува обвиненија кон една цела политичка партија, односно ВМРО-ДПМНЕ, се покренуваат обвиненија кон медиуми, што според него, значи директно вршење притисок врз слободата на медиумите.

-Се покренаа обвиненија против поединци и луѓе и интенцијата е да се покрене обвинение кон една цела политичка партија, односно ВМРО-ДПМНЕ, се покренуваат обвиненија кон медиуми, што значи директно вршење притисок врз слободата на медиумите. Сега имам информации дека се покренуваат обвиненија и кон партии од албанскиот корпус, што на еден начин влијае на прегрупирањето на силите во Парламентот и формирање на некоја идна влада, подвлече Димитриев.

Вели дека не постои ниту една оправдана причина за постоење на СЈО, откако на оваа институција ќе и заврши мандатот.

– Ќе се ревидираат одредени делови од Пржинскиот договор, бидејќи таму беше јасно утврден периодот до кога ќе функционира обвинителството и периодот после функционирањето на обвинителството, до кога треба да бидат покренатите обвиненија процесуирани. Тоа е дополнителен 5 годишен период до кога ќе трае таа судска процедура. Јас можам кажам дека не постои една оправдана причина да се продолжи мандатот на СЈО, истакна Димитриев.

Подвлече дека кредибилноста на Специјалното Јавно Обвинителство е тотално изгубена и дека треба да му се овозможи да го одработи предвидениот рок.

– Едноставно, кредибилноста е во таа мера изгубена. Сметам дека треба да му овозможиме на СЈО да си го одработи своето во предвидениот рок, согласно Законот и понатаму да се вратат процесите во нормалната правосудна процедура, истакна Димитриев.

Latest News

Русија до крајот на годината ќе произведе 200 милиони дoзи вaкцинa пpoтив Koвид-19

Директорот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Димитриев во колумна за американскиот неделник „Њузвик“ истакна дека Русија до крајот на...

(Видео) Најсветлата комета помина над Јадранското Море

Кометата Ц/2020 Ф3 (Неовајс) беше воочлива пред зората за време на претходната недела на радост на љубителите од северната хемисфера. Велат дека тоа е...

Од 77 зaрaзeни бремени жени со коронавиpyc во земјава, 34 биле без cимптoми

Вкупно 77 бремени жени се регистрирани досега како заразени со Ковид 19, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје. Според информациите на ИЈЗ, од...

(Видео) Maкедонската химна загрми на Hoжот

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга бopба со турскиот аскер на Ножот во близина на прилепското село Ракле, откако...

Агенција за медиуми: Телма и Алсат-М го прекршија молкот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот молк констатираше дека...

More Articles Like This