СЈО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ПРЕДМЕТИ: Се бара од oбвинитeлoт Јовевски да каже кој е надлежен за предметите на СЈО!

  • February 5, 2019

Kpивичниот cyд ќе се обрати до републичкиот јавен oбвинитeл, Љубомир Јовески, тој да се произнесе кое oбвинитeлствo е надлежно за предметите на СЈО, по спорното начелно правно мислење на Врховниот cyд.

Од oбвинитeлoт Јовески ќе се побара и тој да иницира автентично толкување на членот 22 од Законот за СЈО во Собранието.

„Воедно, cyдот бара Државниот јавен oбвинитeл да иницира автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО од Собранието на Р.Македонија, бидејќи само законодавецот може да даде автентично толкување на Законите“ се вели во соопштението на Кривичен суд, пренесува Фокус.

„Се до произнесување на Државниот јавен oбвинитeл дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот cyд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој мислење даде Врховниот cyд на Р.Македонија, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, се со цел да не дојде до непотребно одолговлекување“, се вели во соопштението.

Претходно «
Следно »