СEKOJA KУЌА ТРЕБА ДА ИМА МАСЛО ОД РУЗМАРИН: Решава проблеми од глава до пети

Поврзано

Зaрaзeнитe со Koвид-19 би можеле да не го вратат сетилoтo за миpиc

Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус по излекувањето од коронавирусот, покажуваат...

Пyшaчи внимавајте – Научниците открија нов cимптoм на кoрoнaвиpycот

Светската здравствена организација издаде предупредување за нов симптом на коронавирусот кој е алармантен, но не се појавува често. Коронавирусот до...

НОВ СВИНСКИ ВИPУС СЕ ФАЌА ЗА ОРОТО

Вирусите ги дочекаа своите пет минути на оваа планета. Во денови кога короната пустоши по светот и по Македонија,...

Рузмаринот е зачин со освежителен мирис кој им дава богат вкус на јадењата. Неговото масло е исто така многу ценето поради својата ароматичност во кулинарството, но и поради одличното дејство врз здравјето на кожата. Освен тоа, маслото од рузмарин може да го отстрани целулитот и да ја поттикне циркулацијата на кожата.

Рузмаринот го додаваме во јадењата, но кога од него ќе се приготви мацерат, добиваме целосно нов начин за користење на овој ценет зачин.

Етеричното масло од рузмарин е многу скапо да се купи, но може сами да си приготвиме маслен мацерат кое е доста евтино за приготвување, бидејќи потребен ни само свеж рузмарин и масло по избор, најдобро ладно цедено маслиново или сончогледово масло.

ПОСТАПКА:
Наберете свеж рузмарин, измијте го добро и исушете го на сонце во текот на целиот ден. На овој начин ќе се заштити мацератот од содавање на мувла, што би можело да се случи доколку остане влага во билката.

Потоа од сувиот рузмарин отстранете го стебленцето, а користете ги ги само ситните ливчиња. Наполнете чиста и сува тегла со рузмарин, но го стегајте премногу.

Потоа прелијте со ладно цедено масло и оставете еден прсто слободен простор од врвот на теглата. Цврсто затворете ја теглата, добро протресете го маслото и затворете ја теглата.

Оставете на сончев прозор да отстои 40-45 денови. На неколку дена протресувајте ја теглата, а кога е готово процедете низ газа или ситна цедалка. Маслото е потребно да се чува добро затворено во фрижидер, во темно шише, до 6 месеци. Доколку сакате малку пикантен вкус, ставете две-три лути пиперчиња.

УПОТРЕБА:
Во кулинарство: се додава во разни рецепти со месо, печиво, леб, пица, сирење, брускети, салати и слично.

За коса: одлично ја лекува и негува сувата и оштетена коса., како и при проблеми со првут. Се масира темето и се нанесува на косата и се остава да делува. Пред миење се остава да делува најмалку два часа за длабинско делување. За поттикнување на растот на косата потребно е малку да се загрее до млачно и да се масира коренот најмалку 5 минути, а потоа да се остави 30 минути пред миење.

За циркулација и против целулит: маслото од рузмарин се користи за масирање на уморните делови од телото, а особено кога е потребно да се делува при слаба циркулација. Многу поволно делува кај лица со мозочен удар кај кои екстремитетите се ладни поради многу слабата циркулација. Се трие површински кожата со ова масло за да се поттикне микроциркулацијата.

Позитивно делува и за елиминирање на целулитот: потребно е неколку дена седмично да се масира зафатената област за да се поттикне разградба на масните наслаги.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести