СTAРЛЕТАТА СТАНИЈА БРУТАЛНО ГО ОТКАЧИ ДЕЧКОТО ОД “ЗАДРУГА” БИДЕЈЌИ БИЛ ОПСЕДНАТ СО НЕА!

  • January 11, 2019

Иако во реалното шоу „Задруга 2“ важеа за омилен пар, по напуштањето на имотот се случи крај меѓу љубовта на Станија Добројевиќ и Владимир Томовиќ. Тој поради агресивно однесување беше дисквалификуван, додека Станија го напушти шоуто од здравствени причини, но се очекува нејзино повторно враќање.

По нивното излегување, следуваа остри зборови преку медиумите и социјалните мрежи, а старлетата јавно порача дека го прекинала блискиот однос со Црногорецот.

-Владимир и натаму ме прогонува, досаден е и неподнослив. Навистина на сите начини се обидов да му објаснам дека животот оди понатаму, но тој тоа не сака да го прифати. Прво убаво разговарав со него, но потоа неговото надмено однесување почна да ме лути, особено затоа што почна да вмешува други луѓе во нашиот однос.

Си даде за право да ги навредува моите најблиски, открива Станија за српски „Свет“. Таа признала и дека почнала да се плаши од поранешното момче.
-Кој знае што е во неговата глава, буквално стана опседнат со мене, тоа не е здраво. Дечкото не разбира дека не ме интересира и дека со нас веќе долго време е крај, додава Добројевиќ заклучувајќи дека очигледно мора во очи да му каже колку е сериозна за сето ова.

Претходно «
Следно »