ТАЕН РАЗГОВОР НА ЏОН КЕРИ ОБЈАВЕН ВО „ВАШИНГТОН ПОСТ“: Обама се надевал дека ИСИС доволно ќе зајакне и ќе помогне во смената на Асад!

  • January 11, 2017

Вашингтон се надевал дека ќе го искористи зголемувањето на влијанието на терористичката организација ИСИС во Сирија, очекувајќи дека тоа ќе изврши додатен притисок врз претседателот Башар ал Асад, пишува „Вашингтон Тајмс“ кој дошол во посед на содржината од преговорите на државниот секретар на САД Џон Кери со претставници на сириската опозиција
jhon_keri

Американскиот весник наведува и други детали за реалната позиција на администрацијата во заминување во врска со Сирија.
„Пред Русија да започне да пружа воена помош во Сирија во борбата против терористите, администрацијата на Обама сметала дека експанзијата на терористичката група ИСИС во регионот ќе го натера претседателот на Сирија Башар ал Асад да започне преговори со Вашингтон, што произлегува од приватните коментари на државниот секретар на САД Џон Кери“.

Аудиото било снимено за време на разговорите на Кери со сириските активисти зад затворени врати во кулоарите во Генералното собрание на ОН на крајот на септември. Претходно директорот на ЦИА Џон Бренан во интервју за Си-Ен-Ен директно призна: администрацијата на Обама погреши, кога ја наметнуваше деморкатијата по западен образец во текот на „арапската пролет“. Тој изразил мислење дека полекувањето на американските сили од Ирак, каде што се случи промена на режимот, овозможила да се форимира и зајакне терористичката група ИСИС.

Претходно «
Следно »