September 21, 2020, 4:59 pm

ТАЕН СОСТАНОК ВО БУГАРИЈА: Состанок на комисијата со која ќе се менува историјата на Македонија во Софија

Поврзано

Ќе и плаќаме на Грција 35.000 евра годишно за да го чува македонското небо…

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска...

Дали ова е новиот потkyп на Заев?

Од помпезно најавуваниот четврт сет на антиkpизни мерки најавуван веќе два месеци нема ништо. Дали владата со новиот пакет...

Датумот никој не го споменува, и ЕУ е свесна дека со Заев нема реформи

Ако датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ беше најавуван на секое 2-3 месеци сега има молк...
- Advertisement -

Далеку од очите на јавноста во Софија денеска започна првата средба на заедничката мултидисциплинарна комисија, која работи на решавање на отворените прашања од историски и образовен карактер, дознава expres.mk од дипломатски извори во Софија, пишува expres.mk

Владата во Скопје воопшто не ја информира јавноста за почетокот на заседанието на мешовитата македонско – бугарска комисија.

Комисијата започнува со работа врз основа членот 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на втори август 2017 година, а стапи во сила во февруари годинава.

Комисијата веќе го прекрши рокот од најмногу 3 месеци во кој требаше да започне со работа откако договорот беше ратификуван во двата парламенти.

Според договорот „Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на договорните страни“.

Од македонска страна претседател на комисијата е академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.

Во комисијата членуваат и професорите од ИНИ – Ванчо Ѓорѓиев, Петар Тодоров, Дарко Стојанов, како и историчарот Александар Литовски од Заводот и музеј – Битола. Членови на Комисијата се и професорката Љубица Спасовска, научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија и Љупчо Ристески – антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ.

Бугарската влада во мултидисциплинарната комисија кооптираше сериозни научници од различни области кои што имаат сериозна тежина во своите области е Ангел Димитров – првиот бугарски амбасадор во Македонија (од 1994 до 2001 година), а негов заменик е историчарот Наум Кајчев, професор по современа историја на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ и поранешен генерален конзул во Битола и Торонто.

Колку е сериозна бугарската страна покажува и фактот што голем дел од бугарската комисија се политичари и искусни дипломати.

Членови од бугарска страна се д-р Момчил Методиев – главен уредник на изданието „Вера и општество“, поранешен дипломатски службеник во Министерство за надворешни работи, доктор по историја, истражувач на историјата на Бугарската православна црква;

професорот Иван Илчев – поранешен ректор на Софискиот универзитет (од 2007 до 2015 година) и професор по најновата историја на балканските народи;

доцент Даниел Вачков – директор на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН);

професор Филип Топалов – амбасадор во Ватикан;

и доцент Бони Петрунова, археолог и директор на Националниот историски музеј во Софија.

Latest News

Ќе и плаќаме на Грција 35.000 евра годишно за да го чува македонското небо…

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска...

Столтенберг oбвинyвa: Пaндeмијатa се користи за да се ослабне НАТО

Пaндeмијата од Ковид-19 се користи во обид да се оcлаби НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на настан организиран од Центарот за...

Двајца арачиновци се обиделе да пpeгазат полицаец, зaвршиле во станица

Полицијата привeде двајца жители од Арачиново кои во Куманово се обиделе да прегaзат полицаец. Двајцата вчера околу 20.30 часот на булевар „Трета македонска бригада“...

Дали ова е новиот потkyп на Заев?

Од помпезно најавуваниот четврт сет на антиkpизни мерки најавуван веќе два месеци нема ништо. Дали владата со новиот пакет на мерки се спрема за...

Носењето очила го намалува pизиkoт од пренесување на коpонавирусот

Носењето очила за гледање секој ден, може да го намали pизикот од зapaза со новиот кopона виpyс, покажува најново истражување. Истражувачите од Кина откриле дека...

More Articles Like This