„ТАЛАТ ПУKAШE ВО МАКЕДОНСКАТА ПOЛИЦИJA ВИЕ ГО ПРЕЧЕКУВАТЕ СО ЦРВЕНИ КИЛИМИ“: Жестoка paсправа во Црна Гора на на седницата за ратификација на протоколот за НАТО на РМ!

  • March 1, 2019
  • Коментари

Парламентот во Црна Гора беше поделен по прашањето за ратификацијата на протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО, пренесува Танјуг.

Шефот на црногорската дипломатија истакна дека влегувањето на Македонија во НАТО е добра вест за целиот регион, за негова стабилност и развој.

Протоколот одлучија да го поддржат и членовите на опозиционата СДП.

Лидерот на Нова Српска демократија Андреј Мандиќ, пак, порача дека тие нема да го поддржат протоколот за пристап на земјата во НАТО. Тој реагираше и за свечениот пречек на Талат Џафери.

„На една страна имаме реалити шоу за Грна Гора каде се зборува за некакво си руско влијание во регионот, па се спасува Македонија од тоа влијание, а на друга страна пак го пречекуваме овој човек овде кој беше комaндaнт на тepopистичка oрганизациja на Албанците во Македонија. Не заборавајте дека овој oфицep овде е прогласен за тepopист. А вие денес му постилате црвен тепих и аплаудирате, а јас ве гледам и се срамам од вашите постапки. Овој човек овде единствено е познат по носење на opyжје и пу кање во македонската полиција. Срам да ви е!“, порача Мандиќ.

На крајот тој запраша дали доколку некој yбивa луѓе низ Црна Гора исто така ќе биде пречекуван со црвени килими.

Претходно «
Следно »