ТАЛАТ СИ ГО ПРЕКРШИ ЗБОРОТ: Собранието ќе работи во екот на изборната кампања

  • April 17, 2019

Собранискиот спикер Талат Џафери закажа седница во среда на која ќе се гласаат по втор пат дел од законите коишто претседателот Ѓорги Иванов не ги потпиша, меѓу кои и измените на изборниот законик.

Сепак неизвсно е дали Џафери планира потоа да ги прати во Службен весник со еден потпис бидејќи на последниот брифинг со новинарите најави дека ќе го чекаат потписот на новиот претседател.

Нема одговор зошто ја закажа токму во среда седницата, иако тврдеше дека додека е во тек изборна кампања нема да закажува седници.

Претходно «
Следно »