ТАЛАТ ЌЕ ЈА ТЕРА НА ИНАЕТ: На 5-ти и 6-ти повторно ќе се гласа за ратификација на договорот – на сила ќе се објавува во Службен весник

  • July 3, 2018
  • Коментари

Претседателот на обранието, Талат Џафери на прес конференцијата со новинарите во петокот, најави дека на 5-ти или 6-ти јули ќе ја закаже седницата на која пратениците повторно ќе гласаат за ратификација на договорот со Грција, откако претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го потпише.

Џафери кажа дека и Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот ќе бидат испратени до Службен весник и без потпис на Иванов.

„Ако и по вторпат не потпише, веќе станува лоша пракса со мешање во надлежностите, кои што нему не му припаѓаат. Собранието ќе ја истера целата процедура до крај како што треба“, рече Џафери на прес конференцијата.

Претходно «
Следно »