ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗАРАБОТИ УШТЕ ЕДНА ТУЖБА: СМК поднесе тужба поради незаконскиот избор на претседател на Собранието до Управен суд!

  • May 26, 2017
  • Коментари

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, поднесе барање до Управниот суд во Скопје за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот, повредени поради незаконски избор на претседател на Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

talat-djaferi-520x302

Подносителот на барањето му предлага на Управниот суд, врз основа на членот 62 од Законот за управните спорови, да го уважи предлогот за заштита на слободите и правата поради незаконско дејствие и да донесе Решение со кое се поништува Одлуката број 08-1108/1 од 2 мај 2017 година за избор на претседател на Собранието на Република Македонија објавена во бројот 53 на “Службен весник на Република Македонија“ од 9 мај 2017 година.

Со барњето се побива оспорената Одлука на пратениците кои го сториле незаконското дејствие со погрешна примена на материјалното право, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба која му претходела на Одлуката и поради тоа што во постапката што му претходела на Одлуката не се постапило според правилата на постапката утврдени во Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието.

– Очекувам Управниот суд да го прифати барање и предлогот за пониптување на Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Политичкото насилство и незаконскиот избор на претседател на Собранието не смеат да бидат правило на однесување во власта. Таквото однесување најмалку е прифатливо за пратениците кои треба да ја штитат уставноста и законитоста, да ги штитат слободите и правата на граѓаните и да обезбедат правда во државата. Управниот суд по предлогот треба да постапи итно и на начин со кој, почитувајќи ги основните начела на постапката – дека сите се должни да ги почитуваат и се еднакви пред Уставот и законите и да обезбеди ефикасна заштита на правата и интересите на граѓаните. Против решението на Управниот суд дозволена е жалба до Врховниот суд на Македонија. Ќе ги искористам сите правни инструменти барем еден суд во државата да се одважи пред Уставот и законите, а не да се кријат со алиби, подносителот нема активна легитимација или судот не е надлежен. Ирелевантен е изборот ако постои парламентарно мнозинство, но тоа мора да биде во постапка утврдена со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието. За сите мора да постои едно единствено правило, дека сите се еднакви пред Уставот и законите и секој мора да ги почитува Уставот и законите! Се осудува секое странско мешање во внатрешните работи на Македонија. Странците не смеат да ја избираат власта во Македонија, тоа мора да го прават Македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Политичкото насилство секогаш генерира физичко насилство и сметам дека судовите треба да ја поништат одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, а конститутивната седница треба да продолжи каде што застана на 27 април 2017 година, со третата точка од дневниот ред, изборот на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

 

Претходно «
Следно »