ТАЛА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Без цензус Џафери станува претседател на државата

  • April 30, 2019

Претседателските кандидати и партиите што ги поддржаа се уверени дека вo недела на претседателските избори ќе излезат на гласање над 720 илјади гласачи, со што ќе биде исполнет условот за цензус над 40 одсто. Доколку нивните надежи не се остварат, Уставот нуди преодно решение: до изборот на нов претседател, функцијата ќе ја извршува претседателот на Собранието, пренесува Телма.

Со тоа, парламентарното мнозинство останува без неговиот глас, бидејќи Уставот наложува во овој период Џафери да нема право на одлучување при гласање во Собранието. Вистинската дилема е за колкав период се работи.

Поголемиот дел од аналитичарите се уверени дека цензус ќе има.

Успешниот втор круг нема да го затвори прашањето за преиспитување на начинот на бирање претседател. Сериозно се размислува за укинување на цензусот во вториот круг или за избор на претседател во Собрание. За било какви промени, потребно е повторно отварање на Уставот и неколкумесечна процедура во три собраниски фази.

Претходно «
Следно »