Тапани и гајди одекнаа на фестивалот „Пеце Атанасовски“ – Министерството за култура заборави да префрли пари

Поврзано

„ПРАВО И РЕЛИГИЈА“: Промовиран учебникот од проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски

Во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на германската фондација „Конрад Аденауер“, излезе од печат учебникот „Право и...

УПРAВЕН ПPEСЕЧЕ: Алаѓозовски го изгyби cудскиот cпор со авторите на кои им ги пoништи наградите

Вишиот управен cyд донесе пресуда во која ја потврдува Одлуката на Управниот cyд во корист на композиторите чии дела...

(Видео) ПОГЛЕДНЕТЕ: Објавен трaјлер за првиот филм за kopонавирусот

Излезе трајлер од првиот филм за koронавирусот. Филмот е во режија на иранецот Мостафа Кошвари, кој што живее во...

По 45-ти пат во Прилеп се слушна грмотот на тапанот, писокот на гајдата и кавалот во рамки на јубилејниот фестивал за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“, пренесува Фокус.

Над 300 учесници од целата држава се дел од годинешниот најголем фестивалски македонски бренд од овој калибар. Радува фактот што има огромен број на млади кои го неговуваат традиционален македонски мелос и ја продолжуваат традицијата.

– И навистина ми претставува гордост да ја негуваме традиционалната музика и да им покажеме на младите генерации како тоа треба да се прави. – истакна Андреј Трајковски, група „Аманет“ Скопје.
Дел од учесниците побараа државата да одделува многу повеќе пари за овие фестивали.

-Малку сме револтирани на нашето Министерство за култура кое многу малку одвојува за македонските фестивали. – кажа Бранко Ѓурѓоски, КУД „Гоце Делчев“ – Битола.
Годинава фестивалот доби само 300.000 денари од државата. Организаторите велат дека со овие средства фестивалот само може на некој начин да се одржува, но никако и да напредува и развива.

– Не известија дека ни се одобрени 300.000 денари, кои за жал се уште не се стигнати. Тоа не е во ред бидејќи сега ние буквално народски кажано си пееме и играме на жими мајка. – рече Весна Атанасоска Вучиќ, ќерка на Пеце Атанасовски и дел од организацијата на фестивалот.
Фестивалот „Пеце Атанасовски“ се смета за еден од столбовите и чуварите на нашата традиција, историја и култура.

– Многу генерации ја земаа и прифатија таа љубов која ја имаше чичко Пеце и од тој темел што се постави излегоа многу големи гајдаџии и инструменталисти. – кажа Илчо Јованов, професор на музичката академија во Штип.
Денес фестивалот продолжува кај месноста Рудина кај Долнени.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести