December 9, 2021, 12:01 am

Таравари најави голема победа во Гостивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива Арбен Таравари искажа оптимизам за изборните резултати и најавува победа. Тој денеска во рамки на предизборните активности оствари средби со граѓаните од повеќе населби за да ја презентира програмата и заедно со неговиот тим да подели печатени изданија, преку кои, како што рече, граѓаните ќе можат да се запознаат подобро и да донесат конечен избор во недела.

– Ние не престанавме да се среќаваме со граѓаните, нонстоп сме биле меѓу нив и со нив. Сметавме дека денеска и утре, поради поповолните временски услови, треба да ја врачуваме нашата програма на непосреден начин и да се запознаат со неа. Тоа е ред и впрочем тоа треба да го направат сите кандидати. Граѓаните во недела треба да гласаат и да изберат програма и кандидат за кои сметаат дека се подобри. Гласањето треба да го направат мирно, трезвено, бидејќи сум убеден дека народот не греши во конечниот избор и секогаш го избира подобриот, рече Таравари по посетата на градскиот пазар во Гостивар.

Прашан за исходот и изборните резултати во првиот круг, Таравари напомена дека коалицијата и тој се апсолутни фаворити.

– Очекувам дека граѓаните да дадат голема поддршка и за листата за советници и да се обезбеди десет до дванаесет места во општинскиот совет. Според нашите согледувања од теренот и последните анкети, коалицијата Алијанса/Алтернатива има предност пред ДУИ од 1500 до 2000 гласа, потенцираше Таравари

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This