May 16, 2021, 10:45 am

Тасевски: Како ќе ја крстите дијагнозата кога партиски шефови ви вршат пpитиcok со скaфандер да одите во собрание?

Поврзано

- Advertisement -

Aктерот Сашо Тасевски го коментира однесувањето на власта и последниот пример за гласање на позитивни пратеници во Собранието.

Според него, психијатрите под итно мора да го ажурираат списокот на ментални болести.

Замислете пратеник болен од ковид да ви пише дека неговите од партија му прават притисок да се појави во собранието во скафандер, само за да гласа. Замислете? И ќе оди. Мора да оди. Во скафандер. Го бараат тоа партиските шефови.
Психијатрите под итно мора да го ажурираат списокот на ментални болести.
Не знам како ќе ја крстите новата дијагноза. Еве примери:
1. Властопатија – кога патите по власт што ја губите, па правите разни глупости да ја задржите.
2. Ковидошизофренија – кога од толку умрени од ковид си викаш: Еј моќта ни шепна дека на 5000 умрени, може да умрат уште 5000 илјади, само да не ја загубиме неа.
3. Мнозиноманија – кога по секоја цена сакаш да изгласаш нешто од кое имаш ќар па ти треба мнозинство.
4. Разумохондрија – страв од разумско расудување кое те тера да носиш глупи одлуки

Latest News

He им дoaѓa пaмeт: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo Дебар пopaди нeпoчитyвaњe нa мepкитe, coпcтвeникoт e пpивeдeн

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била...

More Articles Like This