March 28, 2024, 11:58 am

Тасевски пoвтopнo pacпaли: „Cитe ви бeгaaт пpeкy гpaницa, мopa дa e дo вac кoи влaдeeтe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нарко босовите ви избегаа преку граница зашто некој им шепнал дека се под истрага.

Народот ви избега преку граница за вакцинација.

Генерално сите ви бегаат преку граница. Мора да е до вас кои владеете, коментира на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

Ама вчера, Караџовски пак по народот плукаше дека е виновен за ковид холокаустот кај нас.
Сабајлево се појавија фотки од нарко босовите сликани гушнати со водечките луѓе од власта.
И никој од нив не е одговорен.
Ни Обиџуко, ни Филипче, ни Заев, ни Вилма, ни Караџовски.
Во Србија, Вучиќ вакцинираше милиони граѓани до сега па почна и Македонија да ја вакцинира. Разби моќен нарко клан, им најде докази за стотици злодела, доволно пола од нив да ги осуди на доживотен затвор.
Овие нашиве копуци сакаат да убедат дека се светци, а притоа немаат контрола на ништо во државава. Освен на милионите што ги тураат по џебови.
Да го клониравме кинескиот казнен систем кај нас, одамна ќе бевте стрелани или ќе висевте.
И нема зошто да се лути Заев кога некој така им порачува нему и на неговите министри.
Ама така е во Кина. Кај нас оние зрели за висење, владеат без пречки. Без страв дека ќе им фали влакно од главата. Тоа е, пишува Тасевски.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This