ТАЧИ ЗАДОВОЛЕН: Обврска на сите албански пратеници беше да го зацементираме патот на Албанците и на Македонија кон НАТО

  • January 11, 2019

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи за ТВ21 го искажал своето задоволство од денешното гласање во законодавниот дом и прифаќањето на уставните промени кои ги предложи Владата.

-Обврска на сите албански пратеници беше да го зацементираме патот на Албанците и на Македонија кон НАТО. Верувам дека ова е многу добра вест за сите граѓани на Македонија, но и за регионот. Тоа беше голем проблем, кој се реши. Во овој процес учествуваа многу лица, политички партии, Владата, но за ова е заслужна меѓународната заедница која не доведе до оваа ситуација. Ќе продолжиме со вакви чекори на реформи, но верувам дека отсега ќе биде полесно. Ситуацијата е релаксирачка и верувам дека од сега многу побрзо ќе чекориме кон НАТО и ЕУ, изјавил Тачи.

Претходно «
Следно »