ТАЧИ И КАСАМИ НА „ТАЈНА“ СРЕДБА: Што договараа лидерите на ДПА и тетовското крило на БЕСА?

  • October 15, 2018
  • Коментари

Доцна попладнево, лидерот на тетовското крило на партијата БЕСА Билал Касами остварил неофицијална, или како што објаснува изворот на „Инфомакс“, тајна средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој пак прифати да биде дел од владата на Зоран Заев

 

Билал Касами, утринава испрати соопштение до јавноста дека нема да го поддржи предлогот за промена на Уставот со цел промена на името поради принципиелни разлики, односно, поради неговата непристојна понуда за амнестирање на обвинетите од 27.април.

-Предлогот за амнестирање на учесниците во насилството во Собранието на 27 април ги девалвира вредностите што ги целиме со интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ- вели за Порталб.мк, портпарол на партијата, Елмедин Мемиши.

Запрашан дали пратениците од Движењето БЕСА би гласале за некаков закон за амнестирање на насилниците, Мемиши категорично одговорил “не”.

Претходно «
Следно »