ТАЧИ КОНТРА ХАРАДИНАЈ ЗА ДИЈАЛОГОТ СО БЕЛГРАД: Преку изјавите на Фејсбук очигледно е разидувањето во ставовите помеѓу претседателот и премиерот на Косово

  • August 31, 2018

Косовскиот претседател и премиер, продолжија да даваат изјави во јавноста со различни ставови за решавањето на прашањето на Косово пред новиот круг на преговори помеѓу Белград и Приштина закажан за 7-ми септември во Брисел. Додека Хашим Тачи верува дека зачувувањето на “статус кво” не е во интерес на граѓаните, Рамуш Харадинај остро се противи на какви било поправки на границите, велејќи дека тоа значи војна.

Тачи потврди дека сите косовски сојузници се посветени на мирот и безбедноста на Балканот и сите вложуваат напори за да обезбедат мир, стабилност и успех во постигнувањето на конечниот договор меѓу Косово и Србија.

Сепак, тој истакна дека поединци во Косово со своите постапки се обидуваат да создадат конфузија и да ги збунат граѓаните, но дека, и покрај тоа, Косово ќе остане посветено на дијалогот и постигнувањето на конечниот “мировен договор со Србија”.

“Повици за нова војна и трагедијата на Балканот припаѓаат на менталитетот на минатиот век и како таков треба да се отфрли”, напиша Тачи на на својот официјален Фејсбук профил.

Të gjitha shtetet perëndimore, aleatët tanë, garantuesit e paqes dhe sigurisë në Ballkan po bëjnë përpjekje dhe thirrje…

Posted by Hashim Thaçi on Friday, 31 August 2018

Тој, всушност, не прецизираше на лицата алудира во текстот, пренесува Танјуг.

Харадинај пак вчера, на 30 август, во интервју за “Ајриш тајмс” изјави дека “промена на границата со Србија ќе значи војна”.

“Тоа би значело војна. Доколку повторно го дискутираме она што е договорено, тоа значи повторување на минатото, но во нашиот  регион отворање на минатото значи отварање на  воени конфликти “, рече Харадинај.

Тачи во својот статус на Фејсбук уште вели дека задржување на сегашниот статус спречува напредокот и на внатрешната и на меѓународната консолидација, а постигнување конечен договор со Србија ќе овозможи напредок и развој на Косово.

“Со затворање на поглавјето за војна и непријателство со Србија, ќе го отвориме патот кон просперитет. Признавањето од страна на Србија ќе му овозможи на Косово членство во меѓународните организации, ќе станеме дел од механизмот кој ги штити и гарантира човековите права за сите наши граѓани. Отворањето на новото поглавје за мир создава јасна и сигурна европска перспектива за нашата земја “, напиша Тачи.

Конечен и траен мир меѓу Косово и Србија, додаде тој, значи мир и стабилност на целиот регион.

Со уверување дека секој нов чекор, одлучувајќи во соработка со западните партнери на Косово, Тачи рече дека тоа ќе остане посветен на обезбедување на подобар живот за сите граѓани на Косово, со цел затворање на поглавјето на војни и на отворање на нов конфликт.

На крајот, тој истакна дека во овој процес ќе бидат инволвирани сите засегнати страни.

 

Претходно «
Следно »